Во касарните во зоната на одговорност на Командата за операции (КО) денеска, 17 август 2026 година, со пригодни свечености беше одбележан „18 Август – Денот на Армијата“.
По повод празникот, во единиците на КО беа реализирани пригодни активности, на кои припадниците се потсетија на повеќедеценискиот развој на Армијата, нејзините достигнувања и придонесот на генерациите припадници кои со професионалност, посветеност и пожртвуваност ја градеа современата и професионална Армија.
Во своето обраќање, командантот на Командата за операции истакна дека припадниците на Командата имаат клучна улога во одржувањето на подготвеноста и способноста на единиците за успешно извршување на поставените задачи. Притоа, нагласи дека членството во НАТО претставува мотив и обврска за континуирано унапредување на интероперабилноста, професионалноста и подготвеноста. „Нема силна команда без силен тим, ниту подготвена единица без професионален старешински кадар“, порача командантот, упатувајќи честитки по повод 18 Август – Денот на Армијата и благодарност до сите припадници за нивната професионалност, посветеност и пожртвуваност.
Во рамките на свеченостите беа прочитани честитки и наредби за унапредување, а на припадници од единиците им беа доделени награди и пофалници за постигнатите резултати, професионалниот однос и придонесот во извршувањето на поставените задачи.
Со пригодните свечености припадниците на Командата за операции уште еднаш ја потврдија својата определба за професионално и одговорно извршување на задачите и за понатамошно унапредување на способностите и подготвеноста на Армијата.








