Во период од 24 до 28.06.2019 година, во издвоениот објект „Радожда“, се реализира национална работилница за вежбата „REGEX 19“, како дел од планирачкиот процес за вежбата која ќе се реализира во време од 14 до 18.10.2019 година во касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ Велес.
Директорот на вежбата полковник Звонко Мајсторски го истакна значењето на вежбата и ги акцентираше сите обврски и одговорности на лидерите на синдикати.
За време на националната работилница се дефинирани и реализирани следните активности: финализирани се драфт планот на вежбата „REGEX 19“; оперативниот план на претпоставената команда (LCC/HICON); ревидирање на модулите 2 и 3, финализирање на модул 4 и развивање на модул 5; изработен е иницијален драфт на главната листа на настани и главната листа на инциденти; развивање на концепт за логистичка поддршка за вежбата на логистички капацитети и дефинирање на главната листа на учесници на вежбата.
Изготвените документи се солидна основа за непречена реализација на вежбата.
ДД/ТЈ/БН