Припадниците на Водот за поддршка на летање од командната чета (вПЛ/кч), во состав на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ), во периодот од 10 до 16 септември 2026 година, реализираа обука во јазење во реонот на Демир Капија.
Целта на обуката беше усовршување на практичните знаења и вештини на припадниците за безбедно движење и извршување задачи во услови на стрмен и непристапен терен, со посебен акцент на примената на алпинистичките техники при реализација на задачи поврзани со пребарување, спасување и евакуација.
Во рамки на обуката, припадниците ги усовршија техниките за совладување на природни пречки, качување и спуштање по карпест терен, правилна употреба на алпинистичка опрема и поставување системи за обезбедување. Практично беа применувани и постапки за изработка на сидришта, поставување мостови и жичари, како и системи за извлекување и безбедно транспортирање на повредени лица од тешко пристапни локации.
Обуката ја реализираа квалификувани и сертифицирани инструктори од Баталјонот за специјални сили, согласно утврдените стандарди и процедури за обука.
Со реализацијата на оваа обука припадниците на вПЛ/кч ги надградија индивидуалните и колективните способности, со што се придонесува кон одржување на потребното ниво на подготвеност за извршување на задачи и ефикасна поддршка на мисијата на вВИНГ.








