Денес 12.12.2014 година од страна на командантот на прва механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) бригаден генерал Павле Арсоски на најдобрите 6 припадници од единицата, со постигнати 100 поени и повеќе, во сите дисциплини на проверката на физичката подготвеност, им додели пофалница и монета за најдобрите (coin of excellence) за остварените врвни резултати на проверката.
Пред стројот на командата, штабот и потчинетите единици на 1.мпбр беа пофалени: постар водник Ненад Митев, постар водник Роберт Илиевски, десетар Билјана Лазарова, десетар Горан Ничев, разводник Марио Анастасовски и разводник Соте Андреески. Посебно треба да се истакне десетарот Горан Ничев кој 13 години последователно посигнува 100 поени на проверката.
Физичката подготвеност на персоналот, покрај огнената обученост, претставува еден од темелните сегменти на обученоста и оспособеноста на секој припадник на АРМ. Современиот војник, за да си го сочува здравјето, да ја одржува и подигне работната способност и да си го продолжи работниот век, треба да му посвети посебно внимание на задоволување на потребите од физичките активности.
Овие стимулативни мерки треба да послужат како поттик за сите припадници на АРМ за постигнување на уште подобри резултати во понатамошната работа и пример како треба да се залагаат во извршувањето на функционалните и поставените задачи.