Заменик-директорот на Директоратот за партнерство, безбедносна соработка и соработка против оружја за масовно уништување при USEUCOM, бригаден генерал Крис Мекини денеска оствари посета на Командата за операции во касарната „Боро Менков“ во Куманово.
За време на посетата генералот Мекини оствари средба со командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски. При посетата генералот Мекини беше брифиран за мисијата, задачите и идните активности на Командата за операции, а потоа му беше презентирана опремата со која располага четата АБХО.