Денес, 6 ноември 2014 година во воздухопловната бригада (вбр) се реализира билатерална средба со претставници од армијата на Република Грција во врска со Air Situation Data Exchange (ASDE) програмата.
Целта на посетата беше да се утврди во која фаза е договорот за реализација на програмата, како и теми поврзани со воздушно набљудување и иницијативи на кои работи баталјонот за воздушно набљудување од составот на вбр.
Вбр исто така беше посетен на 03 ноември 2014 година од страна на полковник Маурицио Марчети и капетан Румен Радев, претставници на НАТО канцеларијата за врски во Скопје.
Целта на посетата беа согледување нао можностите и капацитетите на вбр за прифат сместување на хеликоптери и екипажи.