Во ЦО Пепелиште од 02 до 06 февруари 2015 година се одржа Работилница за изработка на планот за претстојната вежба: „Македонски Блесок 11“ на која ќе се реализира НАТО оценување Ниво 2 на чета Воена Полиција (чВП) и самооценување Ниво 1 на Ренџерска чета (Рч).
Работилницата ја отвори директорот на вежбата потполковник Звонко Мајсторски кој во своето обраќање ги поздрави учесниците на Работилницата, даде насоки за работа и им посака успешна работа. Брифинг за учесниците на конференцијата презенираше офицерот со примарна одговорност, мајорот Кочо Христовски кој ги изнесе општите информации, составот, фазите за реализација, временската рамка за реализација на вежбата и распоредот за работа.
Според специфичноста на задачите и обврските на учесниците, Работилница за изработка на планот за вежбата беше организирана преку работа по синдикати и тоа: синдикат за операции и заштита на силите, безбедност и разузнавање, логистика, комуникациско информациски системи (КИС), односи со јавноста, протокол, синдикат за главната листа на настани и инциденти и синдикат за администрација.