Од 12 до 16 ноември, на Кампот за обука (КО) „Пепелиште“ се реализираше национална работилница за изработка на планот за вежбата „Одлучен удар” која ќе се реализира во месец јуни следната година.
На работилницата активно учествуваше персонал од тимот за планирање на вежбата, кој беше пополнет од командата на Здружена оперативна команда (ЗОК) и од првопотчинтите единици од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), бригада за логистичка поддршка (брЛП), воздухопловна бригада (вбр), баталјонот за врски (бв) и полкот за Специјални Операции (пСО).
Почетокот на работилницата беше во функција на запознавање на тимот со работните обврски и очекувањата за исполнување на поставените цели. Во воведниот брифинг презентиран од директорот на вежбата „Одлучен удар” потполковник Игор Манасовски, истакна дека планирачкиот процес на оваа досега најголема меѓународна вежба во Република Македонија, а како дел од јужната кампања на вежби на ЕУКОМ наречена вежби на Црноморскиот и Балканскиот регион (вЦМБР) ќе биде исполнет со предизвици кои треба да се надминат со професионализам и посветеност на секој член од тимот. Во исто време, најголем предизвик за реализација на оваа активност ќе бидат подготовките на единиците кои учествуваат на вежбата. Притоа изврши дефинирање на обврските и одговорностите, со цел насочување на персоналот кон исполнување на доделените задачи.
На ден 16 ноември, работилницата беше затворена со изработка на првичната верзија на планот за вежбата. Во основа, оваа работилница претставува солидна подготовка за продолжување на планирачкиот процес за вежбата во периодот од 10. до 14. Декември 2018 година, кога ќе се реализира Главната планирачка конференција во КО Пепелиште, на која ќе учествуваат покрај претставници на Армијата на Република Македонија и претставници од Вооружените сили на САД, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Литванија.
ЗВ/ИМ