Припадниците на Водот за поддршка на летање од командната чета (вПЛ/кч), во состав на воздухопловниот ВИНГ, во периодот од 22 до 25 септември 2026 година, реализираа обука за зајакнување на способностите за борбено пребарување и спасување, во кругот на касарната „НХ Страшо Пинџур“ – Петровец, со поддршка од Хеликоптерскиот сквадрон (Хс). Обуката беше насочена кон усовршување на тактиките, техниките и процедурите за извршување на задачи за борбено пребарување и спасување, со посебен акцент на координацијата помеѓу тимовите на земја и хеликоптерскиот екипаж.
Во рамки на обуката беа реализирани практични вежби за пребарување, лоцирање и извлекување на лица, примена на техники за обезбедување и извлекување, како и подготовка и евакуација на повредени лица со хеликоптер. Посебно внимание беше посветено на навремената размена на информации, комуникацијата и координацијата помеѓу учесниците, како и на безбедното и ефикасно извршување на процедурите во текот на целокупниот процес на спасување и евакуација.
Со реализацијата на обуката се унапредија индивидуалните и колективните способности на припадниците на вПЛ/кч и се зајакна интероперабилноста со Хс придонесувајќи кон одржување на високото ниво на подготвеност за извршување на задачи од областа на борбеното пребарување и спасување.








