По повод одбележување на 20 мај – денот на Бригадата за логистичка поддршка (брЛП), на воениот стадион на АРМ во Скопје се одржаа спортски натпревари во повеќе дисциплини.
Командантот на брЛП им порача на учесниците кои земаа учество на спортските натпревари, да се натпреваруваат во спортски дух и им укажа дека со масовното учество во спортските активности се промовира здравиот живот, пријателството и психофизичката кондиција, како значаен сегмент во изградбата на АРМ.
Денешниот ден го потврдува спортскиот дух на припадниците на брЛП, како и нивната психофизичка подготвеност за постигнување на врвни резултати.
При одбележување на денот на брЛП на 19 мај ќе им се доделат признанија и дипломи на учесниците за постигнатите резултати на спортските натпревари.