Во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје од 04. до 08.02.2019 година се реализира третата регионална работилница за мултинационалната вежба „REGEX 19“ на која учество зедоа претставници од 19 партнер земји и претставници од Здружената команда на НАТО од Неапол.
При отворањето на регионалната работилница, директорот на вежбата полковник Звонко Мајсторски им посака добредојде на учесниците и успешна работа. На работилница беа реализирани следните активности:
- Развивање и утврдување на целите на обуката (Training objectives) со претставниците на партнер земјите и претставници од Здружената команда на НАТО за мултинационалната вежба „REGEX 19“;
- Дефинирање и потврдување на агендата и сценариото за Денот на високи гости;
- Оформување и дефинирање на главната листа на учесниците на вежбата;
- Развивање и дефинирање на сценариото – модул 2.
Претставниците на земјите учеснички на вежбата „REGEX 19“ на ден 05.02.2019 година реализираа посета на Здружената оперативна команда (ЗОК) и притоа беа примени од Командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски кој ги запозна со мисијата, структурата и капацитетите на ЗОК.
На крајот од работилницата, беа изработени потребните документи за целите на обуката, развивање на сценарио – модул 2 и беше дефинираната агендата за Денот на високи гости.
ЗВ/ЗМ/ЧС/НЈ