На 4 јули 2018 година во објектот Лисец се одржа шестомесечното реферирање за борбената готовност на Здружената оперативна команда (ЗОК) за 2018 година.
Реферирањето е редовна планска активност кој е дел од Годишниот план за работа на ЗОК и на потчинетите единици, а се одржува во месец јули.
За достигнатиот степен во изградбата на борбената готовност командантите на потчинетите единици го брифираа командантот на ЗОК, бригаден генерал Павле Арсоски за реализацијата на плановите, обуката и за останатите сегменти од доменот на нивното работење.
Шестмесечното реферирање ги опфати согледувањата и анализите на командантите на потчинетите единици по прашањата за опременост на единиците, логистичките проблеми и степенот на исполнувањето на планираните задачи согласно Годишните планови за работа и календарот за обука за 2018 година.
На поставените прашања и за проблемите кои ги истакнаа командантите на потчинетите единици на ова реферирање, одговори од својот домен дадоа началниците на секциите од ЗОК и Началникот на штаб, бригаден генерал Орце Јордев.
Врз основа на изнесените брифинзи, командантот на ЗОК бригаден генерал Павле Арсоски ги изнесе приоритетите и задачите за наредниот период и задачите за отстранување на аномалиите кои се појавија во првата половина на 2018 година.
ЧС/ПА