Во период од 20.10 до 22.10.2014 година, на полигоните за обука во гарнизон Тетово, со припадниците од 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада, беа реализирани ситуационо-тактички вежби (СТВ).
Припадниците на 3.мпб во реонот на с. Копанце и с. Раотинце, со веќе подготвени сценарија се извежбуваа за: дејство на извидувачка патрола, формирање на кордон и пребарување, реакција на контакт и извлекување од контакт, премин преку опасна зона и други борбени ситуации.
Со реализацијата на ситуационо-тактичките вежби припадниците на 3.мпб демонстрираа подготвеност и висока обученост за дејство во разни ситуации и уште еднаш ја потврдија подготвеноста за справување со предизвиците кои ги налага современиот начин на војување и подготвеност во извршувањето на комплексни воени вежби.