Командантот на прва пешадиска бригада (1.пбр), бригаден генерал Сашко Лафчиски, оствари средба со одбранбеното аташе на САД за Република Северна Македонија, полковник Ден Сквајарс.
На средбата се разговараше за единицата, за претстојните задачи и активности, како и за претстојните задачи поврзани со остварувањето на НАТО целите на способности. Притоа беше истакната важноста на помошта и поддршката која САД и ја даваат на единиците на Армијата, а особено на единиците на 1.пбр. Поддршката во обуката на единиците и одржувањето на опремата беше една од главните теми на разговорот, на кој беше истакнато обострано задоволство од досегашниот тек на соработката, како и од идните планови за нејзино зголемување. Покрај останатото за време на средбата се разговараше и за билатералната армиска соработка која се реализира преку голем број на заеднички вежбовни активности, соработката во полето на образованието како и поддршката во развој на капацитетите на бригадата.
За време на брифингот, полковникот Сквајарс беше придружуван од шефот на канцеларијата за одбранбена соработка со САД, како и од дел од тимот од 4. Бригада за Поддршка во Безбедноста (4SFAB), кои се постојано вклучени во поддршка на обуката на единиците од 1.пбр.