Во деновите од 31.03 до 04.04.2014 година со декларираната чета за Заштита на Сили од составот на борбената група ЕУБГ 2014 – 2 од 4.механизиран пешадиски баталјон – Кичево на АП „Криволак“, ќе се организираат и изведат планирани вежбовни активности и гаѓања со оклопен транспортер „Хермелин“ (ОТ Хермелин).
Во истиот период на АП „Криволак“ се реализира и Главната Планирачка конференција за претстојната ситуационо-тактичка вежба на терен „Брз Рис 14“ која ќе се изведе во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево на која ќе биде оценета декларираната чета која е дел од ЕУБГ 2014-2 од составот на 1. механизирана пешадиска бригада.
На стационарното логорување ќе се изведуваат борбени постапки во очекувачки реон, училишни и подготвителни гаѓања со вооружувањето на ОТ Хермелин и изведување на тактичка вежба со боеви гаѓања на механизиран пешадиски одделенија и вод.
Посебен акцент ќе се даде на оспособување и организирање на животот и работата во логорски услови, зголемување на степенот на обученоста на единиците за извршување на борбено-огнените задачи, усогласеноста на движење на боиштето и извршување на задачи во услови на употреба на вооружувањето со користење на боева муниција и огнена поддршка.