Делегација од Армијата, предводена од бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, присуствуваше на прославата по повод Националниот ден на Романија и одбележување на 20-годишнината од членството на Романија во НАТО. На дефилето на воената парада во Букурешт, со своја опрема учествуваше и водот на Армијата, кој е таму распореден во рамки на НАТО „Активности на зголемена будност“.
Армијата на Република Северна Македонија има развиено одлична соработка со Романските вооружени сили, а во „Активностите на зголемена будност“ учествува од 2022 година, каде заедно со припадниците на вооружените сојузнички сили е составен дел од колективниот систем за одвраќање и одбрана.