Командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), генерал-мајор Павле Арсоски, во период од 16 до 19 септември 2018 година, на покана на Австриската команда на копнените сили, учествуваше на 5-тиот Форум на Команданти на Европските Копнени Сили во Грац, Република Австрија.
За време на конференцијата беа реализирани 3 Конференциски сесии во аудиториумот на Стариот универзитет во Грац на тема „Европски копнени сили – справување со хибридни војувања“. На Форумот претставници од реномирани воени и цивилни институции имаа свои обраќања.
Меѓу останатото, во организација на австриските копнени сили се реализира и приказ на средства на австриската одбранбена и безбедносна индустрија.
Земја домаќин на следниот 6-ти Форум на Команданти на Европските Копнени Сили во 2019 година ќе биде Република Чешка.
ЧС/БН/ПА