Во период 31 октомври – 4 ноември 2016 година, претставници од Воено Медицинскиот Центар учествуваа на меѓународната вежба „ЦРНА ГОРА 2016“ во Црна Гора. Вежбата беше заеднички организирана од Евроатланскиот координативниот центар за реакција при елементарни непогоди (Еuro-Atlantic Disaster Response Coordination Centre – EADRCC) и Дирекцијата за управување со вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.
Вежбата се реализираше по сценарио на меѓународен одговор за справување со последиците од поплава и хемиски инциденти, а со цел поддршка на цивилното население и одржување на критичната инфраструктура во реонот на елементарната непогода.
На вежбата учествуваа 680 претставници од 32 земји членки на НАТО и партнерски земји. Вкупно 17 тимови за брза интервенција беа вклучени и тоа: тимови за пребарување и извлекување, за спасување во вода, алпинистички тимови, специјалисти за АБХ контаминација, медицински тимови и др.
Македонскиот медицински тим успешно демонстрираше медицинска поддршка на повредени и заболени во афектираната зона, како и следење на медицинската ситуација и евакуацијата на пациентите во Оперативниот координативен центар.