Во периодот од 15.08.2016 до 12.05.2017 година, во Воено-Воздухопловната база „Голубовци“ – Подгорица, Црна Гора, четири пилоти од составот на Сквадронот на борбени хеликоптери (сбх), од воздухопловната бригада (вбр), отпочинаа и успешно завршија преобука и напредна обука на лесен повеќенаменски Хеликоптер од типот H-42/45 Газела.
Како резултат на плодната Македонско-Црногорска соработка на воен план, мајор Душко Стевоски, мајор Јован Азмановски, поручник Трајче Јовкоски и поручник Дејан Славевски успешно ја реализираа програмата за летачка обука, која опфаќаше вкупен налет на Хеликоптер H-42/45 „Газела“ во времетраење од 42 часа и 30 минути.
Оваа пракса уште еднаш се покажа доста успешна со оглед на фактот дека периодот наназад повеќе македонски пилоти поминаа низ фаза на основна и напредна обука за летање на хеликоптер H-42/45 „Газела“ како и курс за наставници за летање.
На церемонијата по повод завршувањето на преобуката присуствуваа Командантот на вбр полковник Роберт Малезански, нерезидентно одбранбено аташе на РМ полковник Дончo Кузманов и Командантот на сбх потполковник Игор Чкоров.