Во периодот од 11.03. до 14.03.2025 година во просторите на командата и штабот на Првата пешадиска бригада (1.пбр), се реализираше вежба на карта (MAPEX) на тема: Решавање на задачи за претстојната вежба „IMMEDIATE RESPONSE 25“ (IR 25).
Целта на вежбата на карта беше персоналот од 1.пбр, кој ќе биде дел од персоналот во составот на HICON (претпоставена команда) за „IR 25“, да се подготви, интегрира и синхронизира за работа во изработка на оперативната наредба (ОПНАР) и документите за претстојната вежба „IR 25“ и да ја усоврши тимската работа.
Значајно е да се согледа важноста низ детална разработка на процесот за донесување на воена одлука (ПДВО), согласно постоечките правила и НАТО стандарди во изработка на оперативната наредба и документите врз основа на кои ќе се реализираат активностите и задачите за вежбата.
ГЃ/ДЧ