На ден 17.06.2015 година припадниците на АРМ од касарната „Мирче Ацев“ реализираа заедничка Методско показна вежба со припадниците на Противпожарните единици (ППЕ) од општините Прилеп и Битола на тема „Справување со пожар на тешко достапни места и објекти заштитени со Закон за заштита на културно наследство“.
Активноста се реализира во близина на манастирот „ Арахангел Михаил“ во Варош, Прилеп, со цел обучување на припадниците на АРМ за активно вклучување во гасење на пожари, ако за тоа се укаже потреба во периодот на летните температури, кога е зголемена веројатноста од појава на пожари.
На вежбата и претходеше заедничка дводневна обука, на која војниците од противпожарниот вод од касарната се извежбуваа во ракување со опремата за каскадно донесување на вода на височина и тешко достапни терени со кoја располагаат регионалните ППЕ.
Вежбата ја следеа претставници од Командата на Гарнизонот Прилеп, Центарот за управување со кризи – Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување – Прилеп, претставници од Општината Прилеп и Градоначалникот на општина Прилеп.