Припадниците на Здружената оперативна команда (ЗОК), предводени од командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски, денеска активно се вклучија во акцијата за пошумување во организација на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово.
Во координација со претставниците од Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово, персоналот од ЗОК беше ангажиран на локацијата „Даштев Рид“ во Куманово за засадување на садници со цел да се зголеми појасот на зелени површини и воедно подигне нивото на еколошка свест.
Денешната акција за пошумување траеше околу четири часа. Толку време беше потребно да се засадат сите обезбедени садници откако претходно беа избраздени од Јавното претпријатие.
Вклучувајќи се во оваа акција припадниците на ЗОК превентивно допринесуваат во озеленување и оплеменување на овој локалитет и намалување на последиците од поплави, одрони и лизгање на земјиштето.
ЧС/БН