Мисија:
Планирање, организирање, координирање и извршување на логистичка поддршка на II рамниште на единиците кои се подржуваат според Шемата за ЛП и севкупна ЛП за единиците од својот состав.
Задачи:
- Планирање, организирање, координирање и извршување на логистичка поддршка во следните функционални области:
– Снабдување;
– Одржување и поправки;
– Движење и транспорт;
– Инфраструктура;
– Услуги.
- Координирање и реализирање на барања за ЛП од командите и единиците кои се поддржуваат;
- Зајакнување на логистичките капацитети на единиците кои се поддржуваат при изведување на обука, работа во теренски услови, борбено ангажирање или учество во мисии;
- Обезбедување на базна логистичка поддршка за единиците кои се сместени во касарните-гарнизоните.
Потполковник Игор Иванов
Потполковник Игор Иванов е роден на 28 Мај 1977 година во Штип, Република Северна Македонија. По завршување на средното образование во гимназијата „Јане Сандански” во Штип, во период од 1991 до 1995 година, продолжува со воено образование во Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски” – Скопје во период од 1995 до 1999 година, како дел од првата генерација на офицери кои се школувани во државата. Воената кариера ја започнува како Командир на самостоен вод во Логистички наставен центар во касарна Ѓорче Петров во Скопје во период од 1999 до 2000 година. Во досегашната негова кариера извршува повеќе командирски, неколку штабни должности на ниво баталјон/бригада и командантска должност.
Има завршено повеќе курсеви од областа на логистиката, штабни должности во меѓународни штабови, оценувања на декларирани единици, планирање на меѓународни вежби и други. Дел од завршените курсеви се следниве:
- Курс за инструктори, Р. Чешка, од 24.09. – 14.12.2001 година;
- Курс за планирање на вежби, Р. Турција, од 29.11. – 10.12.2004 година;
- Интернационален ориентационен курс за штабни офицери, Холандија, од 01.02. – 08.03.2006 година;
- Курс за процес на оперативно планирање, Штип, од 28.05. – 01.06.2007 година;
- Основен курс за Цивилно-Воена Соработка, Блед, Р. Словенија 10.2007 година;
- Курс за односот на ВС и медиумите, Скопје, 10.2007 година;
- Основен курс за LOGREP, Скопје, 14.-18.09.2009 година;
- Курс за оценувачи според концептот за оперативни способности, Штип, од – 23.04.2010 година;
- Логистички курс, Тусон, Р. Финска, од 03.-14.12.2012 година;
- Курс за LOGFAS, Белград Р. Србија, од 03.-07.11.2014 година;
- Курс за процес на планирање на вежби, Р. Црна Гора, од 09.-20.04.2018 година.
Учествува на повеќе воени вежби во Републиката и странство, како што се серијалот на вежби Македонски Блесок во процесот на оценување на средниот пешадиски баталјон, како командир на чета и началник на С-4, којшто успешно беше сертифициран за Борбено Способен во 2010 година и за што беше одликуван со Орден за воени заслуги од страна на Претседателот на Република Македонија во 2011 година, како и во серијалот на вежби Македонски Блесок во процесот на оценување на средната пешадиска баталјонска група, како началник на С-3/7 и началник на С-4, која што успешно беше сертифицирана за Борбено Способен во 2014 и 2017 година. Исто така, учествува и на вежбата „Одлучен удар” како лидер на синдикат за ГЛН/ГЛИ во текот на планирачки процес на вежбата и како шеф на Центарот на вежбата во текот на реализацијата на вежбата. Во 2008 година учествува во една ротација во мисија „ИСАФ“ во Р. Авганистан како офицер за контакт.
Во надградување на военото образование има завршено:
- Специјализација за командни и штабни должности во Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје во период од 04.04.2016 – 06.02.2017 година.
Повеќе пати е наградуван и пофалуван, меѓу кои позначајни се:
- Пофалница од Министер за одбрана во 2019 година;
- Парична награда од НГШ во 2010 година;
- Сребрена значка за долгогодишна служба во Армијата;
- Наградно отсуство од Командант на ЗОК во 2011 година;
- Наградни отсуства од Командант на бригада во 2010, 2014, 2015, 2018 и 2019 година.
Активно го користи англискиот јазик.
Брачна состојба: оженет и татко на две деца.
Претходни должности:
- Командир на самостоен вод, во Логистички наставен центар,Скопје 1999-2001 година;
- Заменик командир на чета, 2001-2003 година;
- Командир на чета, 2003-2010 година;
- Началник на С-4, 2010-2012 година;
- Началник на С-4 и помошник на командантот за касарнски и гарнизони работи,
- 2012 -2017 година;
- Офицер за обука С-3/7 во 1.мпбр, 2017-2018 година;
- Командант на 1.логистички баталјон, 26.10.2018 година.
Унапредувања:
- Потпоручник 1999-2000 година;
- Поручник 2000-2003 година;
- Капетан 2003-2013 година;
- Мајор 2013 – 2018 година;
- Потполковник 2018 година.
1.логистички баталјон е формиран на 01.03.2006 година. Командата на баталјонот се наоѓа во касарната „Јане Сандански“ во гарнизонот Штип. Со своите единици кои се наоѓаат во касарните „Јане Сандански“ во Штип, „Боро Менков“ во Куманово, „Алекса Демниевски-Бауман“ во Велес и на армискиот полигон „Криволак“, 1. лб според шемата на логистичко обезбедување врши поддршка на единиците од ЗОК, КОД, 1. мпбр и сите воени вежби, домашни и меѓународни кои се одржуваат на армискиот полигон „Криволак“.
Прв командант, во периодот од 2006 до 2008 година беше мајор Цветко Јаневски. Во период од 2008 до 2012 година, должноста командант на баталјон ја извршуваше потполковник Васко Лапевски. Од февруари 2012 година за командант на 1. лб е назначен потполковник Бранко Србиноски кој на оваа должност беше до август 2013 година кога за командант на 1. лб е поставен мајор Лазар Ѓуров кој моментално ја извршува оваа должност.
Како елемент на логистичка поддршка, со персонал и МТС, 1. лб има учествувано во низа вежби во Р. Македонија (Блесок, Лансер, МEDECUR…) и помош на населението при елементарни непогоди (поплава во Радовиш во 2008 година, земјотрес во Валандовско, гаснење на пожари).
Припадници на нашата единицата секоја година учествуваат и во мировни мисии во БиХ и Авганистан односно ИСАФ и АЛТЕА.
Од месец април 2012 година започна трансформацијата на единицата, која заврши на 31.10.2014 година. Како суштински промени и новини се издвојувањето на водовите за медицинска поддршка и водовите за обезбедување од составот на баталјонот.