Главниот подофицер на Армијата, главен наредник Горан Ќирковиќ, на 21.10.2024 година, оствари официјална посета на македонскиот контингент во КФОР во кампот „Вилаџио Италија“ во Пеќ. За време на посетата тој одржа состанок со подофицерите и војниците, истакнувајќи ја важноста за нивниот професионализам и посветеност на мисијата и на нивната улога во мировните сили во регионот. Главниот наредник воедно им презентираше дел од активностите на канцеларијата на главниот подофицер на Армијата.
Војниците и подофицерите ги споделија своите искуства од теренот, со што му овозможија увид во секојдневните предизвици со кои се соочуваат и научените лекции од работата во меѓународното оперативно опкружување. Фактот дека ние продолжуваме со придонес кон глобалната безбедност преку учество во КФОР, посетите како оваа служат пред сѐ како морална поддршка на ангажираниот персонал.
Во рамки на посетата, главниот наредник Горан Ќирковиќ присуствуваше и на смена на контингентот на Република Словенија во рамките на мисијата КФОР (SVCON 49 и SVCON 50). Притоа оствари средба со својот словенечки колега, главен наредник Роберт Ротар и наредник Јуриј Ерзар главен подофицер на SVCON 49, кои изразија подготвеност за продолжување и продлабочување на досегашната одлична соработка помеѓу двете армии.