Во периодот од 18 до 20.09.2018 година на терените на армискиот полигон „Криволак“ и неговиот поширок реон припадниците на Ренџерскиот баталјон од составот на полкот за Специјални Операции реализираа обука во бегство и спасување.
За време на обуката припадниците на баталјонот беа поделени во две групи, од кои едната имаше задача да врши гонење и претрес на терен додека другата група изведуваше обука со тежиште на бегство и спасување како дел од операциите за длабинско набљудување на непријателски терен. На еден дел од обуката акцент беше ставен на извежбување на постапки при заробување од страна на непријателот. Во обуката беа вклучени и припадници од центарот за одгледување и дресура на кучиња на АРМ, кои заедно со службените кучиња и нивното искуство ја направија самата обука по реална.
Цел на оваа обука беше припадниците на Ренџерскиот баталјон да се извежбаат во работа и постапки при изведување на борбени операции во длабочина на непријателската територија.
ЗБ