Денес 09.04.2014 година делегација на Националната Гарда на Вермонт беше во посета на полкот за специјални операции (пСО).
Делегацијата на Националната Гарда на Вермонт составена од потполковникот Давид Фостер, главниот наредник Форест Глаџет и главниот наредник Рејмонд Мајерс беше примена од страна на Командантот на пСО бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски со кого имаа кратка средба. По средбата пред делегацијата беа презентирани мисијата, структурата, опремата, како и стекнатите искуства од мисиите каде учествувале припадниците на пСО. Воедно, посетата беше искористена за заеднички состанок со главните подофицери од единиците кои учествуваа во наменските сили „ФЕНИКС“ во мисијата ИСАФ во Авганистан.
По завршувањето на брифингот гостите се упатија во посета и обиколка на единиците од составот на пСО. Гостите од Вермонт ги посетија и припадниците на баталјонот на воена полиција каде беа брифирини за единицата.
Оваа посета на делегација од Вермонт е уште една потврда на одличната соработка која Армијата на Република Македонија ја има со Државата Вермонт и Вооружените сили на САД.