Денес 19.12.2018 година во касарната „Илинден“ се реализираа експертски разговори помеѓу полкот за Специјални операции и претставници од НАТО Командата за специјални операции.
Гостите на почетокот на разговорите беа запознаени со мисијата, целите, декларираните сили и структурата на единицата, по што се премина на експертските разговори. Цел на овие разговори беше унапредување на соработката во повеќе области како и размена на искуства. За време на престојот во касарната гостите имаа средба и со претставници од баталјонот за Специјални Намени и Ренџерскиот баталјон каде имаа можност за се запознаат со капацитетите и способностите на единиците.