Министерот за одбрана на Република Хрватска во рамките на својата посета во Република Македонија и на Армијата на Република Македонија, денеска оствари посета и на полкот за Специјални Операции (пСО).
Министерот за Одбрана во придружба на Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал мајор Васко Ѓурчиновски и Директорите на Генералштабовите на Вооружените сили на двете земји, беа пречекани од страна на Командантот на пСО, генерал Методи Хaџи Јанев, при што истите беа запознаени со способностите и капацитетите на единицата, концептите за иден развој на Специјалните сили на Армијата на Република Македонија, како и со досегашните соработки со Вооружените сили на Република Хрватска.
За време на посетата од страна на припадниците на пСО беа демонстрирани дел од борбените способности преку методско огледна вежба и тактичко технички бор. На крајот од посетата, Министерот за одбрана на Република Хрватска ја посети и спомен собата во баталјонот за Специјални намени и се запиша во книгата за впечатоци.
Министерот за одбрана на Република Хрватска уште еднаш ги потенцираше впечатоците и импресиите од посетата со јасна заложба дека лично ќе се ангажира за продлабочување на соработката на Специјалните сили на Вооружените сили на Република Хрватска и Специјалните сили на Армијата на Република Македонија.
БЗ