Денес 18.08.2016 година во касарната „Илинден“- Скопје со постројување на единиците се одбележа 18-ти Август денот на АРМ.
Пред започнувањето на одбележувањето, делегација составена од командантот на полкот за специјални операции и командантите на баталјоните положија свежо цвеќе на споменикот на загинатите припадници на полкот во Вејце. Свечениот строј по повод одбележувањето на Денот на АРМ го сочинуваа ешелони од повеќе единици на АРМ кои се сместени во касарната „Илинден“. Пред стројот пригоден говор одржа заменик на командантот на полкот за специјални операции потполковник Бесник Емини.
На свеченоста се реализираше и церемонија за доделување на стимулативни мерки, значки и обележја за покажаните резултати во изминатата година како и унапредување на офицери и подофицери во АРМ.