Во изминатите три дена се реализираше работна посета од страна на делегација од НАТО Штабот за специјални операции на полкот за Специјални Операции.
Цел на работната посета беше согледување на усогласеноста на предвидената трансформација на специјалните сили на армијата со концептот на НАТО Штабот за специјални операции за развој на специјални сили, како и интеграцијата на специјалните сили на армијата по нашето членство во Алијансата, понатамошниот развој и можностите за соработка. Посетата беше предводена од страна на Заменикот Командант на НАТО Штабот за специјални операции бригаден генерал Робин Стефенсон, а воедно учествуваа и претставници од специјалните сили на НАТО членките од Бугарија, Грција, Хрватска, Турција, Полска и Обединетото Кралство. За време на разговорите и дискусиите кои се водеа во касарната „Гоце Делчев“ кои се водеа како дел од оваа работна посета покрај претставниците од полкот за Специјални Операции учествуваа и претставници од Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата, Здружената Оперативна Команда, МВР и НАТО канцеларијата за врски.
Како краен продукт на оваа работна посета беа произлезените заклучоци и насоки за брза и ефикасна интеграција и трансформација на специјалните сили на армијата како и можностите за идни соработки.