Денес и утре во касарната „Илинден“ дел од припадниците на полкот за Специјални Операции и противпожарните екипи од единиците кои се сместени во касарната заедно со припадниците од Противпожарната Бригада на град Скопје реализираат заедничка обука во справување со пожари.
Обуката има за цел унапредување на обученоста на персоналот од армијата и размена на искуства со припадниците од ПП Бригадата. Првиот дел од обуката е теоретски каде се изучуваат одредени постапки и делови од опремата како и противпожарните возила додека другиот дел ќе биде реализиран низ практична работа и извежбување на постапки. Во текот на утрешниот ден ќе се реализира и заедничка показна вежба.
Оваа обука покрај проширувањето на знаењата и надградувањето на способностите на припадниците на единиците ќе го зголеми и нивото на безбедност од евентуални пожари.