Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари средба со амбасадорката на Кралството Норвешка акредитирана во Република Северна Македонија, Кристин Мелсом и нерезидентното одбранбено аташе, полковник Даг-Магне Лунде.
На средбата во Генералштабот се разговараше за досегашната одбранбена билатерална соработка со Кралството Норвешка, која особено е изразена во доменот на военомедицинска соработка, односи со јавност, обукa и курсеви, заедничко учество во меѓународните операции, како и реализација на посети на високо ниво.
Воедно на денешната средба беше изразена подготвеност за продолжување и унапредување на соработката во областите од заемен интерес, со акцент на градење на капацитети и способности на НАТО декларираните единици на Армијата.
Во досегашниот период поддршката од Кралството Норвешка се реализираше на повеќе начини, меѓу кои позначајни се донациите на материјални средства кои значително влијаат во подобрување на армиските капацитети.