Припадниците на Баталјонот за специјални сили, традиционално и оваа година во пресрет на новогодишните празници, реализираа акција за донирање на новогодишни пакетчиња на Универзитетската клиника за детски болести на Одделот за онкологија.
Хуманитарна акција, со донација на прехранбени артикли, реализираа и во ЈУ Специјален завод Демир Капија, со надеж дека ќе придонесат во разубавување на празниците.
Припадниците на Баталјонот за специјални сили и овој пат, како и многу пати досега, на дело ја покажаа хуманоста да помогнат онаму каде што тоа е потребно.