Денес, 04 октомври 2017 година, продолжи реоценувањето на средна пешадиска баталјонска група (спбг) и НАТО оценување Ниво 2 на ренџерска чета (рч) на армискиот полигон (АП) „Криволак“.
Денот започна со справување со демонстранти и контрола на толпа од страна на припадниците на спбг, и продолжи со обезбедување на база, кордон и пребарување и други настани и инциденти од листата на настани. Во исто време припадниците на ренџерската чета имаа реакција на заседа, пешадиски напад на база, борбена патрола, кордон и пребарување со инфилтрација и ексфилтрација со хеликоптер Ми-17. Во текот на денот ќе се реализираат и останатите планирани активности согласно листата на инциденти и настани меѓу кои и патролирање и воспоставување на контролна точка, формирање на мобилна контролна точка и друго.
Со денешниот ден оценувањето на ренџерската чета влегува во завршната фаза, додека оценување на спбг продолжува и во текот на утрешниот ден, каде што е планирано изведување на офанзивни дејства како последен дел од процесот на оценувањето на спбг.