
Мисија:
Мисија на сквадронот за обука и тренинг е да врши обука , преобука и тренажа на пилоти за потребите на Армијата и МО, воздухопловна поддршка на единиците на Армијата и на националните субјеки при елементарни непогоди и катастрофи во ограничени размери.
Задачи:
Примарни задачи:
- Селекција на нови кандидати за пилоти;
- Основна обука на пилоти на авиони и хеликоптери;
- Напредна обука на пилоти на хеликоптери;
- Обука на пилоти инструктори;
- Преобука на други типови на воздухоплови.
Секундарни задачи:
- Лесен транспорт на трупи;
- Одржување на врски;
- Лесен транспорт на товар;
- Операции за извидување од воздух;
- Корекција на артилериски оган;
- Контрола на маскирање на единици на Армијата;
- Операции за доставување на хуманитарна помош при елементарни непогоди и катастрофи;
- Воздушен VIP транспорт.
Потполковник Борис Настовски
Потполковник Борис Настовски е роден на 01.08.1980 година во Кавадарци, каде завршува основно и средно образование. Во 1999 година се запишува на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје и дипломира во 2003 година како офицер на родот авијација. Воената кариера ја започнува како пилот на селекција на авион Zlin 242 во школско тренажен сквадрон. Во 2003 година успешно ја завршува обуката за пилот на авион. Во 2004 година преминува на хеликоптер Ми-24 во тогашниот легендарен Сквадрон на борбени хеликоптери.
Во досегашната кариера извршувал повеќе командни и штабни должности на ниво на флајт, сквадрон и во Центарот за обука на пилоти (ЦОП). Од мај 2023 година поставен е за командант на Сквадронот за обука и тренинг. Пилот е на авион Злин 242Л, хеликоптер Газела Н-42, хеликоптер Бел-206 и хеликоптер Ми-24.
Од стручно оспособување има завршено: Курс за наставник по летање – Црна Гора (2015 година); Underwater Emergency Egress – Грција (2014 година); Peace Support Operations Staff Course – Босна и Херцеговина (2007 година); Alexander Mi-24 Pilot Course – Израел (2007 година); The low of armed conflict module – Босна и Херцеговина (2007 година); Стручна оспособеност: Инструктор по летање на хеликоптер Ми-24; Пилот на хеликоптер Ми-24; Пилот на хеликоптер СА 341/342 Газела; Пилот на хеликоптер Бел-206; Втора категорија на стручна и борбена оспособеност на хеликоптер Ми-24; Пилот на авион за општа намена, итн.
Во досегашната кариера ги извршувал следните должности:
- Пилот во флајт во Сквадрон на борбени хеликоптери 2005-2008 година;
- Командир на флајт во Сквадрон на борбени хеликоптери 2008-2010 година;
- Офицер за обука, борбена готовност и операции во Сквадронот на борбени хеликоптери 2010-2016 година;
- Офицер за безбедност по летање во Сквадронот на борбени хеликоптери 2015-2016 година;
- Head of synthetic training – Pilot Training Center 2016-2020 година;
- Офицер за обука, борбена готовност и операции во Сквадронот за обука и тренинг 2020-2023 година;
- Командант на Сквадронот за обука и тренинг од 2023 година.
Потполковник Борис Настовски е оженет и е татко на две деца.

1992 година
- Единицата потекнува од авијациската ескадрила согласно формацијата од 1992 година.
1996 година
- Беа набавени првите авиони Злин 242Л со кои во единицата се остварија услови за селекција и обука на нови пилоти, како и за одржување на тренажа со постојаните пилоти од состав на Армијата.
2008 година
- Во 2008 година се направи сериозна трансформација и вложување во однос на едукација и обука на нови пилоти со анализа на работна група на Генералштабот на Армијата за состојбата во военото воздухопловство во тој домен. Преку анализата беа идентификувани постоечките и долгорочните потреби на военото воздухопловство во однос на потребен број на пилоти. Врз основа на заклучоците, Владата на Република Македонија донесе одлука Министерството за одбрана, како институција со најсоодветни капацитети, да го реализира проектот „Центар за обука на пилоти“.
2020 година
- Потпишан е договорот за отворање на Центарот за обука на пилоти (ЦОП) од декември 2010 година.
- Центарот располага со современи, полно подвижни симулатори, со висок степен на веродостојност во однос на хеликоптерите Ми-24 „Александар“ и Ми-8/17/171. Употребата на симулатори не само што ја зголеми безбедноста на летањето преку извежбувањето на целокупниот распон на редовни и вонредни постапки во летот,
- За селекцијата на кандидатите во воздух, како и за трите фази на обука на идните пилоти, на располагање беа авиони од типот ЗЛИН 242Л и хеликоптери од типот Бел-206.
2020 година
- Со трансформација на Армијата оваа единица го доби називот Сквадрон за обука и тренинг.







