На ден 10.06.2014 година и официјално заврши оценувањето во рамките на вежбата „Брз Лав-14“, во Кралството Белгија.
Во текот на денешниот ден се реализира и најголемиот предизвик и ангажирање на персоналот на четата во инцидент при кој ги покажаа постапките при демонстрации на цивилно населени и формирање на кордон.
Со овој инцидент и официјално заврши оценувањето на штабот и единиците по што беше реализирана парада со единиците учесници на вежбата.
На денот на завршувањето на вежбата, во областа Сен Хубер (Saint Hubert) во Белгија, во обиколка на вежбата беше и високиот претставник на Република Македонија при НАТО и ЕУ, бригаден генерал Бранко Дракалски.
Генералот Дракалски беше пречекан од највисокиот национален претставник на вежбата, потполковникот Ѓоко Максимов и командантот на четата за заштита на силите ЕУБГ 2014-2, мајор Оливер Данилоски.
На ден 12.06.2014 година во рамки на вежбата „Брз Лав-14“ е планиран Ден на високи гости, каде ќе се презентираат постапки и активност, а ќе се дадат и тактичко технички карактеристики на дел од опремата која е во состав на единиците.