Во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ – Велес во командата за обука и доктрини (КОД) по повод одбележување на 11-ти Октомври, Ден на народното востание, се реализираше натпревар во стрелаштво со воздушна пушка.
На натпреварот во стрелаштво покрај екипи од КОД, активно учество земаа и екипи од одделение за одбрана – Велес, СВР – Велес, стрелечки клуб „Велес“ и други здруженија и организации од општина Велес.
Реализацијата на овој натпревар има значаен придонес за развивање на натпреварувачкиот и тимскиот дух, а исто така преставува и значајна алатка за развивање на пријателството и понатамошната соработка со локалните организации и институции.
По завршениот натпревар од страна на КОД беа доделени дипломи за освоено екипно и поединечно прво, второ и трето место во машка и женска конкуренција.