На ден 07.11.2017 година, во касарната „Илинден“ во просториите на бВП, се одржа месечното реферирање за борбената готовност од страна на командантите на потчинетите единици, кои му реферираа на командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), бригадниот генерал Зоран Милески, за организација и реализацијата на плановите, достигнувањата во обуката и останатите сегменти од работата на единиците кои имаат директно влијание на борбена готовност.
Во рамки на месечното реферирање беа реализирани методско показна вежба (МПВ) на тема „Обезбедување на висок воен раководител (ВВР) и вршење на увид на лице место“, исто така беше извршена презентација на дел од опремата со која располага бВП.
За време на МПВ од страна на припадниците на бВП беа презентирани дел од капацитетите на единицата, нивото на обученост за обезбедување на ВВР преку спроведување на тактиките, техниките и процедурите. Исто така, преку објаснување на законските основи, принципите и практичната демонстрација на постапките при вршење на увид, беше презентиран начинот, техниките и процедурите кои може да ги преземат Овластените службени лица на Воената полиција во такви услови. Дополнително, беше презентирана дел од опремата со која располага единицата, а се однесува на опрема за вршење на Увид на лице место, опрема за операции за справување со толпа и останати воено полициски задачи.