Во текот на денешниот и утрешниот ден во Домот на АРМ во Скопје, во организација на ГШ на АРМ се одржува годишна конференција за обука на АРМ. Конференцијата ја отвори началникот на Ј-7 во ГШ на АРМ, полковник Зоран Додевски, кој го нагласи значењето на конференцијата како единствена можност за координирање на вежбовните активности на Армијата за наредната година, но и за искажување на потребите и проблемите, за успешна реализација на обуката и вежбите.
На конференцијата, денес (19.11.2014 година), присуствуваат претставници од организациските единици на ГШ на АРМ, началниците на секциите одговорни за обука и вежби (Ј/Г/А/С-7) од потчинетите команди и единици, до ниво на баталјон и главните подофицери од првопотчинетите команди и единици на ГШ на АРМ.
Денес, се разгледуваа оперативните побарувања од програмата 4 – програмирање (презентирање на проекти – активности) од првопотчинетите команди и единици и нивните предлози на активности за 2015 година. На вториот ден, во фокусот на конференцијата ќе бидат побарувањата од надворешните учесници, како и координација за поддршка при користењео на капацитетите за обука и вежби на АРМ во 2015 година.
Утре, на конференцијата учество ќе земат надворешните учесници и тоа: Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и Организацијата на резервни офицери на Република Македонија.
Конференцијата за обука во АРМ се реализира двапати годишно.
Во месец март се реализира конференцијата за планирање и програмирање на активности за обука, а во месец ноември се реализира конференцијата за буџетирање на активностите за обука за наредната година.