Денес, 4-ти февруари 2015 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари протоколарна средба со амбасадорката на СР Германија во Република Македонија, Н.Е. Кристине Алтхаузер.
На средбата, генералот Котески искажа благодарност до СР Германија за поддршката на евроатланската интеграција на Република Македонија, како и за заложбата за прием на нашата држава во НАТО. НГШ на АРМ ја истакна одличната меѓуармиска соработка помеѓу АРМ и Германскиот Бундесвер, каде во високите воено-образовни институции се школувале 170 припадници на АРМ, како и извршувањето на задачите на припадниците на АРМ на северот од Авганистан во состав на регионалната команда во Мазар Ел Шариф, каде СР Германија е водечка нација.
Амбасадорката Алтхаузер нагласи дека соработката во областа на одбраната е од исклучителна важност за двете држави и дека во иднина таа ќе се проширува низ нови форми. На средбата, уште еднаш беше искажана силна поддршка на членството на Република Македонија во НАТО и ЕУ.