Денес, 14-ти август 2015 година, Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини оствари проштална средба потполковник Стефан Лошлајтер, одбранбено аташе на Република Франција во Република Македонија.
На средбата генералот Сејдини му се заблагодари на полковникот Лошлајтер, истакнувајќи го неговиот придонес во продолжувањето на билатерална соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Република Франција.
Средбата во ГШ на АРМ беше искористена за запознавање на Заменикот на НГШ на АРМ со новото одбранбено аташе на Република Франција во Република Македонија, потполковник Александар Ноел кој во наредниот период ќе ја извршува оваа должност.