Началникот на Генералштаб на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со генерал-мајор Реџеп Јуксел, командант на Воздухопловната Воена академија при командата на Воените академии, придружуван од одбранбеното аташе на Република Турција во Република Македонија.
На денешната средба во Генералштабот помеѓу останатото се разговараше и за соработката помеѓу армиите на двете земји во полето на едукацијата и военото образование.
Студентите имаа можност преку презентација во Домот на АРМ да се запознаат со мисијата, структурата и задачите на АРМ и учество во вежбовни и меѓународни активности надвор од државата.
Посетата од припадниците на Вооружените сили на Република Турција е во рамки на студиското патување на студентите од Турската воздухопловна Воена академија.