Денес 18.10.2018 година, декларираната чета на Воена Полиција на третиот ден од оценувањето на борбената готовност изведоа повеќе настани и инциденти меѓу кои сообраќајна несреќа помеѓу воено и цивилно м/в, артилериски напад на база, пребарување на населено место, како и пренесување на повредени со борбен хеликоптер до КМБ-2– улога 2. Заклучно со третиот ден се реализира и последниот настан за оценување од листата на настани и инциденти.
Со денешниот ден се заокружи оценувањето на мирновремена локација на декларираната чета на Воена Полиција како и внатрешното медицинско оценување на КМБ у-2, преку четири различни области: персонал, опрема, процедури и функционалност.
АЗ/ЗВ