Денес, во Здружената оперативна команда (ЗОК), во касарната „Боро Менков“ во Куманово, од страна на командантот на ЗОК генерал-мајор Павле Арсоски, беа примени 20 новопоставени потпоручници на служба во Армијата на Република Македонија.
Командантот на ЗОК во своето обраќање ги поздрави потпоручниците и им посака добредојде и успешна работа. Генералот Арсоски ги нагласи важноста, сериозноста и професионалното извршување на задачите, истакнувајќи го фактот дека високите оценки и високата обученост претставуваат афирмација за Армијата на Република Македонија.
На приемот присуствуваа и командантите на потчинетите единици на ЗОК, кои се запознаа со потпоручниците распоредени во нивните единици и воедно накратко ги запознаа со нивните должности и обврски.
Потпоручниците од 18-та генерација на Воената академија се промовираа на 19 октомври по денешниот прием ќе ја отпочнат својата војничка кариера во единиците на АРМ каде се распоредени.
ЧС/НЈ/ПА