Во рамките на главната планирачка конференција (ГПК) за вежбата „Одлучен удар“ (Decisive Strike) која се реализира во период од 10. до 14.12.2018 година, денес во посета на кампот за обука (КО) „Пепелиште“, беа Командантот на Здружената Оперативна Команда, генерал-мајор Павле Арсоски и Заменик на Командантот на копнените сили на САД за Европа (УСАРЕУР), генерал мајор Џон Гронски.
За време на посетата, двајцата генерали беа пречекани од директорот на вежбата потполковник Игор Манасовски кој ги запозна со планирачките активности на главната планирачка конференција, капацитетите на АП Криволак, како и обврските и одговорностите кои престојат во наредниот период. Во брифингот од директорот на вежбата се презентира планот за активностите на вежбата кој го изработуваат претставници на Армијата на Република Македонија, Вооружените сили на САД, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Литванија.
Претстојната вежба е досега најголема меѓународна вежба во Република Македонија, дел од комплексот на вежби на Европската команда на вооружените сили на САД кои ќе бидат предводени од Армијата на САД во Европа.
ЗВ/ИМ/ЧС/НЈ