Во период од 10. до 14.12.2018 година, во кампот за обука (КО) „Пепелиште“,се реализира главната планирачка конференција (ГПК) за вежбата „Одлучен удар“ (Decisive Strike).
На ГПК за вежбата „Одлучен удар“ (Decisive Strike) покрај претставници на Армијата на Република Македонија учествуваа и претставници од Вооружените сили на САД, Бугарија, Црна Гора и Литванија.
Во текот на конференцијата беа реализирани следните активности: се финализира EXPLAN, развивање на модулите од сценариото, изработување на листа на персонал (EXCON, EXCEN, HICON и единиците, план за врски, програма за Денот на високи гости, план за медиумско покривање на важните настани), дефинирање на реалната логистичка поддршка како и извидување со дефинирање на потребните логистички капацитети за време на вежбата и финализирање на документите за заштита на силите.
На крајот од ГПК, од страна на директорот на вежбата, потполковник Игор Манасовски беше потпишан и договорот за поддршка на обуката со Армијата на САД во Европа.
Планирачкиот процес за оваа и вежбите од Црноморскиот и Балканскиот регион ќе продолжи и наредната година во месец јануари со главната планирачка конференција во Букурешт, Р. Романија, а финална планирачка конференција за вежбата „Одлучен удар“ ќе се реализира во месец април 2019 година.
Со реализацијата на овие активности ќе се дефинираат сите неопходните документи за непречено реализирање на најголемата вежба за 2019 година во Република Македонија.
ИН/ЗВ/ИМ/ЧС/НЈ