Во касарната „Илинден“- Скопје, со воена свеченост денес се изврши примопредавање на должноста командант на Баталјонот за почести (бП) помеѓу потполковник Иван Атанасовски и потполковник Дарко Стојкоски, кој досега беше заменик командант на баталјонот на Воена полиција.
Началникот на генералштабот на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, во својот говор истакна дека препознатливоста и континуираното учеството на баталјонот за почести на најважните државни почесни активности овозможија да се гордеат не само припадниците на армијата, туку и сите граѓани на Република Македонија
Досегашниот командант на бП, потполковникот Иван Атанасовски во својот говор им се заблагодари на сите припадници кои со својата стручност и обученост работејќи чесно, посветено и храбро придонесуваат почесната гарда на АРМ да ја исполни својата мисија.
Новопоставениот командант, потполковникот Дарко Стојкоски се заблагодари на укажаната доверба, за поставување на оваа должност, ветувајќи дека својата посветеност, и ентузијазам ќе ги вложи во продолжување на позитивните остварувања на бП.
По соопштување на наредбите за поставување на церемонијален начин се изврши примопредавање на военото знаме на единицата помеѓу досегашниот и новоназначениот командант на бП.
На свеченоста покрај началникот на Генералштабот, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, присуствуваа директорот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Зоран Милески, командантот на пСО, бригаден генерал Методи Хаџи Јанев и команданти на единиците во АРМ.