Во касарната „Илинден“, во Баталјонот на специјални сили, во периодот од 21.10. до 15.11.2026 година, во соработка со Командата за обука и доктрини, се реализираше Курсот за планинско војување.
Целта на курсот беше оспособување на слушатели од Баталјонот на специјални сили, Извидувачко ренџерски баталјон и Воздухопловен ВИНГ во извршување на наменски задачи од доменот на планинското војување, преку унапредување на нивните индивидуални знаења, вештини и способности за дејствување во специфични планински терени.
Командата за обука и доктрини, како надлежна команда за сертифицирање на курсевите, преку доделувањето сертификати го потврди успешното завршување на Курсот за планинско војување и стекнатите знаења и вештини на припадниците на Баталјонот за специјални сили. На свеченото доделување на сертификатите присуствуваше командантот на Командата за обука и доктрини, бригадниот генерал Лулзим Нуредини, кој им честиташе на слушателите за успешно завршениот курс и вложениот труд, посветеност и професионален пристап во текот на обуката.








