Во период од 18 до 22.02.2019 година, се реализира посета на НАТО DEEP тимот за подофицери на Армијата на Република Македонија.
Цел на оваа посета е дефинирање на можностите кои ги нуди DEEP тимот но и можностите кои ги има АРМ за да изврши интеграција на нивните предлози, а се со цел подобрување на квалитетот на образовниот процес за подофицерите и зголемување на нивото на интероперабилност со земјите членки на НАТО.
Планирано е тимот да се запознае со образовниот систем за подофицерите со цел утврдување на можностите за едукација и професионален развој на подофицерите во АРМ.
Во рамки на посетата, DEEP тимот имаше работни состаноци со Директорот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Зоран Милески, претставници од Канцеларија на НАТО за врски, Секторот за човечки ресурси од Министерство за Одбрана, секцијата Ј-1/ГШ на АРМ, Командата за обука и Доктрини, како и состаноци со работна група составена од подофицери од составот на АРМ.