На ден 11 април 2019 година, Бригадата за логистичка поддршка (брЛП) реализираше командантско извидување на правецот Скопје-Петровец-Долно Коњаре-Малино-Свети Николе-Ѓуриште-Штип-Скопје.
На командантското извидување беа присутни старешините од брЛП и од ППЕ на брЛП со цел извидување на просторот како и согледување на воено – географските карактеристики и можностите за употреба и ангажирање на единиците на брЛП. Истовремено беше согледана и организацијата на логистичката поддршка на командите и единиците на АРМ и начинот на соодејство и координирање со останатите субјекти на одбранбено-заштитниот систем на Република Северна Македонија.